Вкупно 258 одобренија за градење биле издадени во македонија во октомври, што е за 3,7 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3,1 милијарди денари (51 милион евра) што е за 29,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 196 се наменети за објекти од високоградба, 30 за објекти од нискоградба и 32 за објекти за реконструкција. Физички лица како инвеститори се јавуваат на 189, а на 69 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 стан, со вкупна корисна површина од 42 181 м2.
Вкупно 258 одобренија за градење биле издадени во македонија во октомври, што е за 3,7 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти во средата Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3,1 милијарди денари (51 милион евра) што е за 29,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 196 се наменети за објекти од високоградба, 30 за објекти од нискоградба и 32 за објекти за реконструкција.
Физички лица како инвеститори се јавуваат на 189, а на 69 објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 стан, со вкупна корисна површина од 42 181 м2.